Актерот Хоакин Феникс учествува во видео кампања на “Луѓето за етички третман на животните” (PETA), што ги претставува ужасите на кинеската трговија со кучешки кожи.
Актерот, кој е вегетаријанец и ја отфрла облеката од животински кожи, ги предупредува гледачите за опасностите при купување на кожна облека, па прикажува брутални снимки кои покажуваат како ги тепаат и колат кучињата во кинеска фабрика.
“Кадрите кои ќе ги видите за кинеската трговија со кучешки кожи, се едни од најстрашните работи кои сум ги видел … Овие кучиња се земаат од улиците на Кина и се претепувани до смрт, кожите им се претвораат во облека, каиши, ракавици и други додатоци. Производите од кучешка кожа се извезуваат во целиот свет и се продаваат на доверливи клиенти, па ако купите производи од кожа, нема начин да дознаете каква кожа се. Значи, ако сакате кучиња како мене, не купувајте и не носете облеки од кожа, без разлика од каква кожа се направени “, раскажува тој во видеото.