Мерцедес не е загрижен за возилото на Епл

од Vladimir Zorba
91 прегледи
Плановите на Епл за развој на самоуправувачки автомобил не се прифаќаат особено сериозно од автопроизводителите. Изјава по прашањето беше направена од главниот извршен директор на Мерцедес Бенз, Дитер Зече. Иако не зазема толку крајна позиција, како што тоа го направија некои негови колеги, Зече е скептичен за успехот на проектот на Епл.
mercedes-benz-amg-gt_c190_model_navigation_960x298_08-2014
Во изјава за јавноста тој сподели дека „спие мирно“ и не се плаши од конкуренција во лицето на технолошката компанија.
– Ако имаше гласини дека Мерцедес или Дајмлер планираат да започнат производство на паметни телефони, тие (Епл) немаше да го изгубат сонот поради тоа. Истото важи и за мене, рече Зече.
Тој појасни дека изјавата не цели да покаже непочитување кон Епл, но сомнежот во способноста на компанијата е очигледен. Зече не го прокоментира фактот дека главниот специјалист за истражување и развој на Мерцедес Бенц веќе работи на автомобилот на Епл.