„Направи сам“ витраж

од Vladimir Zorba
733 прегледи
Витражот потекнува уште од 10. век кога при градењето на средноевропските цркви во готски стил големите површини се затворале со разнобојни парчиња стакло поврзани во една целина. 6a00d8358081ff69e201b8d0d77b62970c-800wiСо текот на времето, витражот станал главен елемент во црквите, храмовите и во манастирите, а потоа навлезе и во домовите, каде што се користи наместо обичното транспарентно стакло за прозорците и за вратите. Постојат две техники на изработка на витражот, класичната со користење оловни профили и „Тифани“ техниката, каде што парчињата стакло се спојуваат со бакарна фолија и потоа се соединуваат со калај.
6a00d8358081ff69e201b7c74e1b53970b-800wiИако курсевите за изучување на техниките за професионална изработка на витраж се сè почести, некогаш средствата и времето нè попречуваат во тоа. Имајќи го тоа на ум, ќе ви претставиме интересен „Направи сам“ проект за кој не се потребни специјалните техники, туку само малку креативност. За изработката на витраж за прозорецот или за вратата во домот ќе ви биде потребно:– парче стакло со потребните димензии во зависност од тоа дали ќе го поставите на прозорец или на врата;

– лепливи ленти;

– различни бои за стакло;

– четки за боење;

– хартија со исти димензии на стаклото;

– маркер;

– скалпел или ножици;

– линијар.

6a00d8358081ff69e201bb07f1caf7970d-800wiНајпрво земете ја хартијата и на неа со маркерот исцртајте шаблон со форми по желба. Може да креирате геометриски форми со помош на линијарот за попрецизни линии или, пак, да импровизирате и да создадете креативна слика или облици.

6a00d8358081ff69e201b7c74e1c4b970b-800wiПотоа ставете го парчето стакло на хартијата врз формите што ги направивте со маркерот. Следејќи ги линиите на шаблонот, излепете го стаклото со лентите, кои ќе внимавате да ги исечете прецизно, со цел беспрекорно да се спојат една со друга.

6a00d8358081ff69e201b8d0d77b47970c-800wi6a00d8358081ff69e201b8d0d77b52970c-800wiСледниот и најважен чекор во проектот е боењето на обележените форми на стаклото. Прво внимателно поминете со четката по рабовите на обележените делови и потоа пополнете ја внатрешноста. Доколку при боењето се направат меурчиња, употребете игла за да ги пукнете.

6a00d8358081ff69e201b8d0d77b58970c-800wi