И Албанците без хипотека со писмо до Заев- Објавете сѐ!

од Vladimir Zorba
97 прегледи
Потписници на платформата „И Албанците без хипотеки“ испратија јавно писмо до лидерот на СДСМ Зоран Заев со кое бараат од него да објави се што поседува без никаков исклучок.
заеввв
Политички организации, невладини организации, како и јавни личности, сплотени околу платформата „И Албанците без хипотеки“, му испратија писмо на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и на „секој друг политичар или институција кој има податоци за хипотеките на албанските политичари“ поставени, како што велат, пред историски момент кога во Македонија се случува една општа лустрација на политичките елити.
„По секоја цена да ги објавите податоци за хипотеките на албанските политичари, без никаков исклучок! Ние, не можеме да дозволиме на никој начин, мирот, стабилноста и власта во Македонија да се обезбедат на штета на Албанците. Ние сме уверени дека нема стабилност без слобода, без правда, без демократија, без рамноправност и без транспарентност на државата кон Албанците и кон сите други народи во Македонија. Сметаме дека не постои цена која може да го образложи криминалот на било која власт кон своите граѓани, дури, според нас, токму необјавувањето на тие податоци ја зголемува можноста за дестабилизација на државата и да се зголеми дозата на недоверба помеѓу заедниците, како и кон државните институции. Тој што ги има а не ги објавува таквите податоци, освен што е против перспективата на Македонија – за што толку многу се зборува овие денови, до толку повеќе ќе се запамети како непријател на албанскиот народ во Македонија, затоа што на таков начин придонел Албанците да останат заложници на хипотеките и тоа да се рефлектира и на нивната општа состојба во државата“, пишува во писмото на албанските организиции и личности.
„Имајќи лошо искуство во минатото, кога гласовите на албанскиот народ во Македонија неколку пати немале скоро никаков ефект поради хипотеките на одредени политичари Албанци, тука сме да констатираме дека ова е најповолниот историски момент кога и Албанците во Македонија можат да се исчистат од своето минато и од хипотеките на своите политичари во Македонија. Никоја личност, која било таа, не е достојна поради неа да се држи во заложништво еден цел народ. Ние сметаме дека е крајно време и албанската политика во Македонија да се лустрира целосно, затоа што само како таква има можност да изгради агенда во прилог на Албанските интереси во Македонија, но и во интерес и развој на државата воопшто. Затоа, за да не останеме заложници на таквите хипотеки и младата генерација Албанци да може да проектира политики без да се соочи со минатото на разните албански политичари, сметаме дека објавувањето на тие податоци е во прилог не само на учеството на Албанците во политичката сцена во Македонија, но и во прилог на сеопштиот здрав политички живот во Македонија. Во спротивно, последиците можат да бидат лоши не само по актуелните политички збиднувања, но и за иднината и перспективите на државата.
„Албанците без хипотеки“ се најдобрата можност за развој на демократијата, унапредување на стабилноста, општествената кохезија и развојната перспектива на државата“, се порачува во писмото потпишано од 60 албански интелектуалци, меѓу кои Мерсел Билали, Рамадан Рамадани, Ким Мехмети, Абдулменаф Беџети, Арсим Зеколи, Исмет Рамадани, Хисмет Рамадани и други.