За последните 12 години Американец потрошил 50 000 долари за да стане копија на својот идол Мадона.
“Го употребив практично целиот свиј живот и сите наши заштеди за да се претворам во Мадона. Ставам импланти во јагодички и вилицата, ја приспособив својата брадата, направив лифтинг на веѓите и какво ли не уште”, вели 31-годишниот Адам Даниел .
“Но, по ѓаволите, вреди! Бидејќи сега изгледам точно како Мадона. Облеката која ја носам, е иста како нејзината. А инаку сето тоа започна кога бев 15-годишен, од еден албум на Мадона, кој мајка ми го купи. Го лушав нон-стоп! Имав чувство Мадона дека пее специјално за мене “.
Мајката на Адам, Анет Гуера, забележува дека веќе жали за тоа што своевремено му го купила албумот на Мадона. “Не претпоставував дека Мадона ќе е неговата опсесијата и ќе стигне толку далеку. Загрижени сме за него. Тој сепак е маж, а сега веќе изгледа како жена”.
