Членовите на АЈДЕ! – Платформа за граѓанска политика, денеска јавно и’ порачаа на Македонската радиотелевизија дека треба да биде сервис на народот, а не владин мегафон.

Освен новинари говореја и уметници и активисти и нивниот став е дека ваков каков што е јавниот сервис е бесполезен и непотребен.
Уметницата и активистка, Инес Ефремова, рече дека во ова време кога се крши Уставот и законите, кога грубо се кршат човековите права и слободи и огромно народно страдање, уметноста и културата не се чинат како некој приоритна тема но факт е дека токму културата и уметноста имаа исклучителна моќ во формирањето на е едно општество.
Тие се злоупотребени за пропаганда. -Не сакам веќе да плаќам за јавен сервис кој ги игнорира моите колеги и мене како творци. Не сакам да гледам телевизија во која „уметноста“ се сведува на документарци режирани од премиерот. Си плаќаме за да не’ држат во глобаслен и локален културен мрак.
А, знам и што сакам. Сакам јавен сервис кој ќе ми понуди програма создавана преку принципите на универзалност, разновидност, независност и посебност. Затоа што таква е и културата и тоа е нејзината моќ. Граѓанската активистка Јана Коцевска, пак, смета дека е време да се „окупира“ зградата на МРТ.
– Мислам дека е време, ние и новинарите заедно да влеземе во оваа „празна зграда“. АЈДЕ да ја окупираме. Студентите ни покажаа како тоа се прави. Тој пример ни покажа дека имаме сила да ги менуваме работите кои веќе долго време се движат во ќор сокак, рече Коцевска.
Граѓаните долго време дозволуваа со наши пари Владата да прави свои спинови и пирови, но тоа мора да заврши, беше речено на собирот на „Ајде“ Билјана Бејкова, грѓанска активистка и поранешен новинар во МРТ, му порача на актуелното раководство на МРТ, дека наскоро ќе се соочи со кривична пријава од граѓаните.
– Јавниот сервис со начинот на своето фунционирање и информирање постојано го крши законот според кој наместо да биде владин пропаганден мегафон, треба да биде независен од било кој државен орган, треба да обезбеди постојано, вистинито, целосно, непристрасно праведно и навремено информирање, како и да создава и емитува квалитетни програми за сите важни општествени случувања и процеси, затоа немојте да бидете изненадени кога ние ние граѓаните ќе ви испорачаме кривична тужба, рече Бејкова.
Таа нагласи дека овој настан е само почеток на граѓанското будење и на граѓанското движење за враќање на Македонската радиотелевизија на граѓаните Ајде да си ја вратиме вратиме МРТ! Ајде да си јавратиме слободата!, повика Бејкова Собирот и перформансот пред МРТ, денеска, го организираше „Ајде!“, која е платформа за граѓанска политика и претставува неформална, организирана група слободоумни поединци со различни идеи и ставови, која сака да ги зајакне и здружи расцепканите демократски сили и се стреми да ја врати моќта за носење политички одлуки во рацете на граѓаните.