Снимките од безбедносните камери на ГУМ во Москва ги запечатиле последните минути од животот на политика на Борис Немцов. Ова е последното видео на кое рускиот опозициски лидер е жив, јави lifenews.ru.
Немцов и украинската манекенка Ана Дурицкаја имале средба околу 10 часот вечерта по локално време . Тие влегле во трговскиот центар од различни влезови и неколку минути се барале, вклучително и по телефон.
Прв на местото на средбата пристигнал Немцов. Ана дошла минути подоцна и веднаш влегла во кафетеријата. Двајцата си зборувале околу половина час . Решиле да си заминат кога локалот почнал да затвора. Излегле ово правец кон “Василевский спуст”. До мостот стигнале за 10 минути. На мостот на Немцов му останале само три минути живот.Потоа се огласиле истрелите, најверојатно од пиштол “Макаров” и политичарот бил мртов. 23-годишната Ана останала неповредена. Инспекторите ги прегледуваат снимките од видео камерите по целиот пат на Немцов. На местото се пронајдени шест чаури од 9-милиметарска оружје.
