Немцов, премногу светол лик!

од Vladimir Zorba
167 прегледи

Во биографијата на Борис Немцов можеме да ја проучуваме историјата на постсоветска Русија. Оваа ноќ во центарот на Москва беше убиен Борис Немцов – еден од најпознатите политичари во Русија во последните 25 години. Независно од залогот и  позициите тој играше голема улога и во политиката, и во јавниот живот, улога која не беше оценувана сосема правилно, додека беше жив и која допрва треба да се разбере по неговаото  трагично погибје, анализира”Комерсант”

немцов

Демократ од првиот бран, благодарение на својата енергија и вештина да разговара со луѓето Немцов станува првично пратеник, а потоа гувернер на Нижгородска област. Државник од првиот елцински випуск кој се учеше од своите грешки и учеше од другите. Тој  објавил се против политиката на федералниот центар во врска со војната во Чеченија. Првиот вицепремиер  ја започнал според објективни и субјективни причини борбата против државните монополи и олигарсите. Политичар кој учествува во изборни кампањи, независно од тоа дали попотен или клеветен неговиот  ветер дуваше во едрата на неговата партија. Доследен опозиционер кој другаруваше со исклучително лојални на власта функционери. Политички сатбилен тој не се предаде дури кога тоа можеше да му биде профитабилно. Човек кој зборуваше јавно и со анегдоти, и кој не се плашеше да ги раскажува – како за себе, така и за другите.

Тој секогаш беше подготвен на дискусии, никогаш не избегнуваше спорови, вклучувајќи и пред публика, која беше поставена против него.

Борис Немцов имаше можности да се повлече од политиката и да си ја гледа приватноста, но тој не го искористи тоа , бидејќи не госметаше за корисно и потребно.

Борис Немцов губеше, но никогаш не се сметаше за губитник. Тој секогаш се обидуваше да биде популарен, но не ги жртвува принципите во името на популарноста. Независно од околностите Борис Немцов секој ден и секој час докажува дека рускиот политичар може и треба да биде жив човек, а не во функција на  грешниот и азилант, и не одење по догми.  И веројатно, токму таков треба да биде јавниот политичар таму каде што има јавна политика, пишува “Комерсант”