Доколку во Македонија Јавното Обвинителство предводено од Г-дин Зврлески е независно во своето работење , доколку имаме независно судстсво , после вчерашните “ексклузивни вести “ на националните телевизии ,ОБВИНЕТИТЕ ВО АКЦИЈАТА “ПУЧ“ ПО СИЛА НА ЗАКОН ТРЕБА ВЕДНАШ ДА БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД БИЛО КАКВО ОБВИНЕНИЈЕ ,КАКО И ВЕДНАШ ДА ИМ СЕ УКИНЕ МЕРКАТА ПРИТВОР-пишува Макборба.мк
![]()
Имено вчера сите телевизии со национална , регионална и локлана фрекфенција , објавија повторно вест од ИСТРАГАТА , со која вест , според нив дознале од истрагата како тоа комуницирал Зоран Верушески – кодирано , применуваќи броеви ,кој значеле одредена буква, или прајќал шифровани пораки ,кој ИСТРАГАТА ГИ ДЕШИФРИРАЛА , ДОДЕКА НЕКОЈ “СЛУЧАЕН “ МИНУВАЧ ГИ ОСТАВИЛ ПРЕД ВРАТИТЕ НА ПРОВЛАДИНИТЕ МЕДИЈУМИ !!!
Обвинителството кое ја води истрагата според новиот Кривичен Законик , само по себе прави стек Кривични дела ,казниви според КЗ на Р.М. Јавниот Обвинител добро знае дека истрагата е тајна, но и дека секој оној кој ќе изнесе делови од истрага во јавност ,истиот прави сериозно Кривично дело, за сличен настан Кежароски беше обвинет, зошто сега мегафоните имаат ексклузива да бидат и обвинители, судии, да ја водат јавно истрагата ???
На потег е Зврлески , доколку во Македонија владее правото подеднакво за сите граѓани согласно Уставот на Р.М,ЗВРЛЕСКИ Е ДОЛЖЕН ДА ПОКРЕНЕ ОБВИНИЕНИЕ ПРОТИВ УРЕДНИЦИТЕ НА МЕДИЈУМИТЕ КОЈ НАВЛЕГЛЕ И ОБЈАВИЛЕ ПРОТИВЗАКОНИТО ПОГОЛЕМ ДЕЛ ОД ДОБИЕНИ СОЗНАНИЈА ВО ИСТРАЖНА ПОСТАПКА .
Нека објасни јавниот обвинител Зврлески во која држава во свет ПИМ -от е јавно публикуван , доказите од истрага се јавни ?? Доколку сите делови од истрагата против Верушески веќе се јавно публикувани , тогаш престанува секаков основ за продолжување на мерката притвор.
Извор: Mакборба.мк
Фото: Фокус