Новиот изглед на кампусот на „Google“ во Калифорнија

од Vladimir Zorba
110 прегледи
Реномираните архитекти Бјарке Ингелс и Томас Хидервик, здружени со гигантот „Googlе“, се подготвуваат да направат мала архитектонска револуција при дизајнирањето на згради во Силиконската долина за ИТ- компаниите. Ингелс и Хидервик претставија иновативен проект што предлага новиот комплекс на „Googlе“ во Маунтан Вју во Калифорнија да биде составен од флексибилни лесни објекти што ќе бидат како лего-коцки и ќе може по потреба да се преместуваат од една на друга локација или да ја менуваат функцијата за различните оддели на компанијата. Со овој предлог, Ингелс, Хидервик и „Googlе“ ставаат крај на работењето во масивни бетонски згради и даваат еден посовремен архитектонски израз за домовите на компаниите чија технологија го менува светот.© Google / BIG / Heatherwick Studio

Според замислата, новите објекти во комплексот на „Googlе“ ќе бидат лесни, транспарентни, бришејќи ги границите помеѓу ентериерот и природата и надворешниот свет. Како што велат Ингелс и Хидервик во описот на проектот, објектите ќе бидат изведени од транспарентна, тенка мембрана како стаклена ткаенина, која може да се распостеле врз столбовите. Целта ќе биде објектот да биде што поеколошки и енергетски ефикасен, материјалот со кој е прекриен да дозволува лесно продирање на воздух и самиот објект да троши што помалку вода и електрична енергија.

© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio

„Силиконската долина е двигател на иновацијата, придвижувајќи ја технолошката еволуција и глобалната економија. Досега најголемиот дел од овие огромни интелектуални и економски ресурси беа насочени кон дигиталната сфера, а сега новиот кампус на ‘Google’ ќе го прошири овој иновативен дух и кон физичката околина. Заедно со ‘Heatherwick Studio’ и ‘Google’ одлучивме да ја замислиме работната средина на идните вработени во компанијата како адаптабилна, флексибилна и интелигентна, како што се впрочем и целото работно портфолио ‘Google’. Наместо затворен корпоративен штаб, новиот комплекс ‘Google North Bayshore’ ќе биде енергично ново соседство во Маунтан Вју“, вели Ингелс за проектот.

© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio

Втората клучна цел на кампусот ќе биде да се отвори кон заедницата, да понуди простор што ќе го обогати соседството и ќе стане  простор каде што и оние кои не се вработени во компанијата може да дојдат на викенд- пикник, на прошетка или на кафе со пријателите. „Сакаме во кампусот да ја внесеме живоста, разноликоста што ја има во еден урбан кварт во градовите“, вели Ингелс.

© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio

Големо внимание ќе се обрне на врската со природата, поради што кампусот ќе се измени во голема зелена зона, вртејќи им грб на досегашните стандарди каде што секоја површина се претвора во автопат или паркинг. Хидервик потенцира дека ако сега се погледне кампусот, има дрвја, но тие изгледаат како да се само уличен мебел. Природата е замолкната под бетон и асфалт. Токму поради ова новиот проект ќе се стреми да создаде огромен зелен појас и надвор и во кампусот. Планирани се и многубројни пешачки и велосипедски патеки за граѓаните и посетителите да може слободно да се движат без страв дека може да се најдат на удар на брзо возило.

© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio
© Google / BIG / Heatherwick Studio

Целата замисла е овој отворен, флексибилен простор да понуди истовремено и соодветни услови за развој на креативноста и иновативноста на вработените на „Google“, но и да понуди еден отворен простор што ќе одговори на барањата на иднината за подинамично, посвесно, похумано и покреативно општество.

© Google / BIG / Heatherwick Studio

 

 

Design.mk