До каде деградира рускиот авторитаризам (секоја сличност со Македонија е случајна!?)

од desk3
90 прегледи

“Рускиот авторитаризам деградира од прагматична диктатура на развојот кон идеолошка диктатура на самоодржување. Без разлика кој и по чија порачка пукал, држава во која критичар на власта се плаши не од тоа да го уапсат на митингот, туку да го убијат, додека се шета , е веќе сосема друга страна. ”

zx450y250_2477249

Тоа го коментира Александар Баунов на сајтот на Московскиот центар “Карнеги” по повод убиството во петокот вечерта на опозицискиот лидер Борис Немцов.

Авторот прави споредба помеѓу азиските режими како Малезија, Тајланд или Кина, каде власта може да ги гони и затвора противниците, и такви како хунтите во Аргентина или Чиле, каде опозиционерите биваа убивани по улиците или исчезнуваа и дури години подоцна се разбираше за тајните концентрациони логори и фрлањето на луѓе во океанот. Според Баунов Русија сеуште спаѓа во првата категорија, но во неа “има сили кои одамна сакаат да се направи чекор кон решителен авторитаризам и е тешко да се разбере колку високо дошле тие по висината на власта и колку блиску се до тронот затоа што системот и речиси херметички затворен “.

“Но деградација засегна и друга сфера. Во светот на авторитарните држави има и друга разлика. Има земји каде ограничувањето на опозицијата, борбата со различното мислење и репресијата се државен монопол и се вршат под строга државна контрола. А има земји каде што овој монопол е изгубен, репресијата излегува надвор од контрола и стануваат народно творештво. ”

Баунов додава дека вториот дел се случува во земјите каде што единството на народот се обезбедува преку спротивставувањето на некој непријател, каде за да се задржат или едноставно да не им поставуваат непотребни прашања, политичарите безмилосно го делат општеството на свои и туѓи.

“При тоа своите остануваат граѓани во полна смисла на овој збор, под заштита на законите што останале, а на тиѓите на своевиден начин им се одзема државјанството и законот не ги брани, тие стануваат само уште едно име во невидливи – а понекогаш и сосема видливи – црни листи. Ако погледнете по сајтовите на радикалните патриоти, ќе видите дека тие се полни со вакви листи на предавниците и непријатели кои треба да бидат казнети.

Некои гледаат на овој сигнал буквално – како настава. “Ама, нели рековте да ги победиме непријателите – ете, почнавме .”

Баунов потсетува како со враќањето на власт на Владимир Путин во Кремљ се создадени преку пропагандата секакви термини за противници – предавници, петта колона, уништувачи на земјата и нејзината вредност, а списоците се полнат како со имиња на луѓе, така и на организации, медиуми, “неточни” универзитети и театри и дури на цели општествени групи. “Често тоа станува по иницијатива не само на врвот, туку и на дното. Сето тоа се” лоши граѓани “, а значи и законот ги штити помалку од најдобрите. А државата го докажува тоа не со зборови, туку со дела и тоа прикажани на телевизија . Активностите на омраза се речиси легализирани. Зошто да не го направиме следниот чекор? ”

Авторот наведува дека работите драстично се влошиле со анексија на Крим и војната во Украина, бидејќи оваа омраза добила оружје и од Донбас се враќаат луѓе кои велат “Владата се ги толерира овие, но ние – нема”.

“Во последниве месеци во руската политика почнуваат да се искачуваат луѓе кои до вчера биле маргиналци предводени од некој чичко од администрацијата на претседателот. Несфатливо е феинасирањето на денешните активисти кои се борат со непријателите и предавниците, возрасните чичковци и тетки од некакви чудни военно- историски структури, вечни антипатриотски и псевдорелигиозни организации кои често се со затворена структура. Многу од нив се собраа пред неколку дена на литијата на движењето “Антимајдан”.

Нивната улога нагло се зголеми кога на државата и ‘требаат приватни, неофицијални помошници за мобилизирање на волонтери и пари за војната во Донбас. Тоа се организациите од кои искористи овој дел од руското раководство и бизнис кој сака да го види рускиот режим повеќе решителен и безмилосен кон непријателите.

Но народните Одмаздници може да користат и некаква сила, далеку од патриотските чувства, која прави многу комбинации. Медиумите на Запад напишаа по повод Немцов, дека е убиен едвај не главниот ривал на Путин. Но за Русите тоа е премногу елементарно, бидејќи во Русија едноставно не постои систем во кој Путин може да има ривал.

Убиството, сепак, покажа како се изменила внатре т.н. путинова стабилност. Пред тоа, таа се крепеше на економски раст, а сега – на мобилизирањето на население против непријателите. Но кога едни граѓани малтретираат други, за каква стабилност може да станува збор? ”

Овде Александар Баунов додава и уште една “карактеристика на рускиот авторитаризам” – можеш да зборуваш и пишуваш против Путин и тоа не е опасно, ако си припадник на неговото опкружување, а сега се си обележал и си станал предавник. “Она што всушност е опасно”, е да засегнеш по чувствата и интересите на градоначалникот на некој реонски центар, шефот на регионалната администрација, на пратеник од локалниот парламент со комерцијални придобивки од тоа, та и на сопственикот на соседниот автосервис.

“Путин би се замислил дали му е поволно убиството на новинар или опозиционер, тој не мисли во категориите на меѓународниот углед. Најверојатно претседателот ќе го истражува убиството на Немцов, и ќе ги претстави добро познатото од случаите со Политковскаја и Литвиненко верзија – едни непријатели убиваат други, за да ја дискредитираат власта. Ова, се разбира, нема да убеди никого во странство, но пак ќе биде прифатено “на ура” во Русија.

Исто така е многу веројатно да му се наметне да ја запре истрагата во моментот кога ќе дојде до некои од неговите пријатели или сојузнициили едноставно до активни борци кои многу влијаат на тема љубов кон Татковината. “