Променливо облачно со локален дожд

од desk3
84 прегледи

koki_e_04761_30385983

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата од седум до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата до 14 степени.

До средината на неделата ќе се задржи променливо облачно и релативно топло време со услови за повремен локален дожд, особено во западните предели. В четвток се очуваат пообилни врнежи од дожд, но во вечерните часови кон петок од север ќе се спушта постуден воздух, кој ќе предизвика и на некои пониски места врнежите да преминат во снег, особено во северните и западните делови на земјава.