Најпознатите странски џихадистки во редовите на Исламската држава

од desk3
255 прегледи

Вчера светските агенции соопштија дека податоците од безбедносни камери покажале како трите исчезнати британски ученички од Лондон на 17 февруари отпатувале со автобус од Истанбул за границата со Сирија. Така 15-годишната Шамима Бегум, 16-годишната Кадиза Султана и 15-годишната Амира Абази станаа едни од најпознатите странски џихадистки во редовите на Исламската држава, откако нивното групно заминување за Сирија отвори полемика во западните и турските медиуми. Трите девојки ја воведоа и модата на поаѓање кон џихадистички групи. Уште неколку џихадистки влегуваат во листата на најпознатите, наведува весникот “Кориере дела сера”.

ZEN

22-годишната Хадиџа Даре во август 2014 година се пофали на Твитер за егзекуцијата од ИД на американскиот новинар Џејмс Фоули и рече дека сака да е првата жена џихадист кој ќе убие Британец или Американец. Хадиџа е родена во Велика Британија и пристигнала во Сирија во 2012 година заедно со нејзиниот сопруг Швеѓанец од турско потекло, џихадист од ИД, познат како Абу Бакр. Хадиџа најверојатно посетувала во Лондон исламски центар, откако го прифатила исламот како тинејџерка. На интернет ги повикува жените да се приклучат на ИД,го поздрави убиството на Сириец кој силувал жена, иако нејзините другари во борбата, џихадисти од ИД секој ден силуваат киднапирани жени. Во извештајот на британскиот Четврти канал Хадиџа е прикажан како пука со автомат Калашников, забулена и како оди вооружена на пазар.

Според Мелани Смит од лондонскиот Кингс колеџ, џихадистките се 10 проценти од борците на ИД и се на просечна возраст меѓу 16 и 24 години.

Aкса Махмуд има 20 години, студирала во најдобрите училишта во Глазгов. Сега е на чело на женската бригада Хансаа која во сирискиот град Ракка надгледува бордел со жени-робинки, задолжени да ги задоволат потребите на борците на ИС. Денес Акса е сметана за висок кадар во раководството на ИД. Во ноември 2013 година Акса им вели на родителите дека сака да отпатува и потоа нејзините траги се губат додека не се појавува во Ракка на чело на женскиот одред.

За ИД жените се од корист за две причини – се грижат за куќата и децата и ги задоволуваат сексуалните потребни на борците. Затоа во последно време се вложува голема енергија за регрутирање на нови жени во редовите на организацијата.

Бригадата Хансаа има за задача освен да се грижи за борделите туку и да ја игра улогата на морална полиција на ИД. Жените од овој одред се познати по суровоста . Се вели дека малтретирале со средновековни методи за тортура жени чиј исламско превез не било доволно цврст или нивните раце не беа покриени со ракавици. Единицата држи и хотел, во кој се сместуваат стрнкињитњ, дојдени на џихад самите и кои сеуште не му се доверени на грижата на иден сопруг-џихадист. Се смета дека во овој одред има најмалку 7 Британки.

Меѓу воспитаничките на Акса се две близначки од Манчестер – Захра и Самла Халан. Захра неодамна ја објави на Твитер своја слика како џихадистка, на која позира забулена и со автомат. Двете близначки дошле во Ракка со нискотарифен лет од Велика Британија до турскиот град Газиантеп. Се угледале на брата им. Сите тие биле убедени дека доаѓаат во Сирија, за да ги постават основите на новата земја. Денес Замра и Самла се мажени за џихадисти. Нивните родители се обиделе да ги вратат во Велика Британија, дури отишле кај нив во Сирија, но близначките не ги сослушале.

За прв пат феноменот на девојките,кои одат во редовите на ИД, се врзува со историјата на двете пријателки на 16 години од Австрија Самра Кесиновиќ и Сабрина Селимовиќ. Денес 14 жени од Виена пристапиле кон ИД. Сабрина и Самра, кои се од босанско потекло пред да заминат пишувале во ѕидовите на училиштето дека ја сакаат Ал Каеда. Во прошталното писмо Сабрина пишува на нејзините родители дека ќе умре за Аллах и ги повикува да не се обидуваат да ја пронајдат. Се смета дека девојките се радикализирале во џамија во Виена.

Деветнаесет годишната Американка Шенон Коноли се обиде да отиде во редовите на ИД, за да стане медицинска сестра на џихадисти. Запознаена со некои американски воени техники, таа сакаше исто така да ги примени во редовите на исламистите, но беше уапсена на аеродромот во Денвер и беше осудена на 4 години затвор и парична казна од 250 000 долари.

Во редовите на ИД има и 27-годишна Италијанка – Марија Џулија Серџо,која го прифатила името Фатима. Се смета дека таа го прифатила исламот поради првиот пријател кој потоа го напушти за да се омажи за Албанец кој живее во Италија, но со врски со Билал Боснич, имам, уапсен во септември во Босна под обвинение за тегрутирање на џихадисти.

Ѕвездата меѓу странските џихадисти е партнерот на атентаторот од Париз Амеди Кулибали – Хајат Бумедиен, Французинка од магребско потекло, од семејство со шест деца, прерано ја загубила својата мајка и принудена да живее во социјален центар. Бумедиен поминала во Сирија од Турција 8 јануари. Таа даде во февруари интервју за француското издание на списанието на ИД, во кое го величи животот во калифатот, прогласен од џихадистите. Се тврди дека 26-годишната жена е бремена во четврти или петти месец.