Победа за мрежната неутралност!

од Vladimir Zorba
90 прегледи
Законодавната рамка „ОпенИнтернет Ордер“ беше усвоена од Федералната комисија за комуникации во САД. Ова е првата голема промена која гарантира зачувување на мрежната неутралност на глобално ниво. Класифицирајќи го интернет пристапот како „Тајтл II“ услуги (исто како телефонска мрежа), провајдерите и бизнисите немаат право да склучуваат договори за преферентни брзини и селективно забавување на сообраќајот, како и да обезбедуваат брз мобилен сообраќај за конкретни услуги.NetNeutrality
Нормата беше усвоена со сооднос 3:2, но, за среќа, лобито на интернет провајдерите не преовлада. Џесика Розенворцел смета дека современата состојба на интернет бизнисот не би била остварлива во отсуство на еднакви правила за сите:
– Не можеме да дозволиме да постои Интернет со двојни стандарди. Мрежната неутралност е дел од основните пазарни принципи кои треба да ги заштитиме. Оние со длабоки џебови и оние со празин џебови треба да имаат еднакви можности да успеат, вели Розенворцел.