Фејсбук: Поддршка за оние кои планираат да се самоубијат

од Vladimir Zorba
78 прегледи
Уште еднаш Фејсбук најде начин да си најде место меѓу водечките вести во голем број авторитетни технолошки изданија. Овој пат не станува збор за нова функција на социјалната мрежа или за нова пазарна трансакција, туку за нешто далеку посериозно, ориентирано кон корисниците.facebook-suicide-prevention
Од Фејсбук решиле да преземат мерки во врска со спречувањето на самоубиства. За целта од компанијата открија дека оттука натаму секој корисник би можел да се поврзе со претставници на социјалната мрежа, во случај ако види загрижувачка содржина во профилот на свој познаник на интернет страницата. Следствено на тоа, психолози и експерти ќе бидат ангажирани во најбрзо време, за да може да биде постигнат контакт со човекот, за кого се смета дека би можел да посегне по својот живот.
За да биде успешна кампањата, од Фејсбук објавија дека ќе работат заедно со организации кои се занимаваат со менталното здравје на човекот, како што ФорФронт, Нау Матерс Нау, Сејв.орг и т.н.