Ако сакате да го привлечете машкото внимание, можеби треба да се запишете на одбојка на плажа. Новото истражување покажува дека според господата тоа е најсексапилниот спорт со женско учество.
Анкетата е направена од сајтот Cupid.com и според него 35% од Британците се категорични дека овој спорт е најсекси за жени. Причината најверојатно е вкоренета во приказот на плажа, тесните панталончиња и постојаното наведнување, истегнување и викање на жените додека одмавнуваат заводливо со градите и задниците.
Дамите од своја страна ја оценуваат машката убавина и сексапил на теренот. 33% од нив сметаат дека фудбалот е најсексапилниот спорт.
Господата категорично не наоѓаат ништо убаво во кревањето и 22% велат дека либидото им е под нулата, кога ги гледаат на екранот или во живо. Следниот антисекси спорт според нив е фрлањето ѓуле (11%) и женскиот бокс (8%).
Иако се тврди дека на жените им се допаѓаат јаки и мускулести мажи, и тие се одвратени од боксерите. На второ место да ги стават лифтерите.