Таа подвелкува дека ако Македонија прислушувала дипломатска коресподенција, тоа значи дека ги прекршила принципите на Виенската конвенција.
– Европската унија изрази длабока загриженост за индикациите за масовното прислушување, од непознат извор и законитост, чија содржина треба да се испита од страна на соодветните органи, на транспарентен и независен начин. Ако дипломатската коресподенција е прислушувана, тоа е прекршување на одговорноста на земјата – домаќин, врз основа на Виенската конвенција – рече Коцијанчиќ.
