Новинарка доби порака: По Немцов ти си следна , кучко!

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Познатата руска телевизиска водителка Ксенија Собчак добила Твитер закани по своја адреса во одговор на нејзиниот став за убиството на политичарот Борис Немцов, пишува topnews.ru. Меѓу добиените бројни пораки се: “И тебе, кучко, ќе те закопанаме”, “Не ни е жал ниту за него, ниту за тебе” и “Ти си следната, Собчак се нашите очекувања”.

20150303.ympxqfkttw

Слични закани добивал и Немцов поради својата позиција за случувањата во Украина. Ксенија Собчак е позната по тоа дека е од ретките кои си дозволуваат отворено да го критикува Путин и неговата работа. Неодамна во етерот на НТВ, таа рече дека во Донбас се бореа делови на руската армија, а тоа е табу за прокремељските новинари. Таа директно ги обвини дописниците на “Комсомольская правда” во Украина во бедлничење и сервиленост кон Путин. Во 2012 година, домот и беше претресени поради планирани протести на опозицијата против претседателот Владимир Путин . Блиски до власта руски медиуми  се фокусираа ана врз фактот дека при претресот на домот на Собчак биле пронајдени 1,5 милиони рубљи. Телевизиската водителка коментира дека годишниот приход и надминува 2 милиони рубљи и самата има правото да избира каде да ги  чува парите