Во Собранието изгласанo -полицијата сега ќе пука со гумени куршуми

од Vladimir Zorba
110 прегледи

Собранието со 59 гласа за и со три против го донесе Законот за полиција, во кој полицијата доби законска основа да користи нови средства за присилба при растурање на насилни протести , а тоа се  пред се гумените кушуми, кои досега беа забранети.

полиција спец

Во иднина полицијата ќе  ги користи гумени куршуми, електрични парализатори и шок – бомби ако протестантите што го нарушиле јавниот ред и мир се оглушат на повикот на полицискиот службеник да се разотидат. Со закон, полицијата досега за воспоставување јавен ред и мир можеше да користи само физичка сила, палка, хемиски средства, млазови вода и службени кучиња.  .

“Тие се наменети за да се гаѓа во дијаметар не помалку од 30, а не повеќе од 70 метри, во зависност од куршумот, со гаѓање во долните екстремитети”, предизвикување површинска рани и болка, без смртоносни последици, или да се предизвикаат и сериозни повреди објасни зам. министер на МВР Ќамили.

МВР тврди дека средствата за присилба во досегашната практика не се нови и оти се користеле години наназад. “Нивното нормирање, во рамките на законските одредби кои го регулираат овој сегмент од полициското работење, е неопходно и значајно”, стои во образложението на Законот, во делот за новите средства за присилба.

Со новите измени и дополнувања на Законот, полицијата при постапување со граѓани ќе може да врши видеонадзор. Овие снимки полицијата ќе ги користи во случај странките да се жалат за незаконско постапување на полицијата.