Директните прашања до премиерот предизвикале тргање прилози, цензура и оставки

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Бомбите почнаа да распрскуваат на сите страни и во власта и во медиумите. Провладините  кријат  незгодни прашања до премиерот , не објавуваат , ама опишуваат дека бомбата на Заев пукнала во опзоицијата.Во „опозиционите“ оставка на главниот уредник во Тв 24 вести,  цензура во Тв Телма од директорот.

заеввв

Последниот прилог што денеска пред оставката , го направи Гоце Михајлоски во улога и на главен уредник на телевизијата 24 Вести беше за вистинските прашања што на премиерот денеска му ги постави новинарката од тв Телма, Јасминка Аневска, пишува libertas.mk. Таа директно, како што е професионално и исправно, го праша Груевски како се погледнале во очи со вицепремиерот Ставревски после вчерашата снимка и дали му е лут што во разговорот, Ставрески на Јанкуловска и се исповеда дека сакал телефонот да му го удри од глава на Груевски. По одличниот денешен прилог на Михајлоски, на изненадување на јавноста, но велат не и за новинарската екипа на телевизијата, тој објави дека се повлекол од позицијата главен и одговорен уредник на 24 Вести.Дали само е случаен временскиот трајминг со оставката и прилогот, или интервјуто!?

goce-mihajlovski-540x355

Новинари од телевизијата  за Libertas велат дека врз Михајловски во последно време директорката на телевизијата и програмскиот уредник Зоран Иванов вршеле притисок телевизијата „избалансирано“ да известува за бомбите што ги објавува опозициската СДСМ. Со тоа очигледно не се согласувал Михајлоски и најверојатно тоа е причината за неговото повлекување. Тој свој официјален одговор го даде преку Фејсбук.

Во Телма пак,  директни прашања за премиерот предизвикале и вистинска драма на новото уредништво и директорот. Во вестите во 15:30 новинарката Јасминка Аневска која го прашуваше премиерот, го објавила прилогот со целосните прашања и одговори. Но на барање на директорот на телевизијата Атанас Кировски истиот бил забранет да оди во вестите на Телма во 18:40 таков, туку претходно бил променет, а од него биле извадени „незгодните“ прашања и оставени само одговорите на Груевски. Директорот наводно порачал дека со такви прашања за премиерот се уривал авторитетот на тв Телма.

atanas-kirovski

Прашањата освен на 24 Вести, денеска беа емитувани и на Алсат-М телевизија.

Останатите национални телевизии – МРТ, Сител, Канал 5 и Алфа редовно ги премолчуваат „незгодните“ прашања, а досега не пуштиле и ниту една од снимките кои ги објавува Заев, а на кои се слуша за криминал и злоупотреби од власта. Сосем е небитно дали станува збор за самоцензура или директна од газдите и главните уредници , клучно е дека ја злоупотребуваат новинарската професија и  постојано едностарно ја информираат  јавноста,  само за ставовите на власта и напаѓачки против опозицијата.