Бројката на загинатите при експлозијата во рудникот Заседко во Донецк веќе е над 30, а во окното се наоѓале 207 рудари, соопшти “Ројтерс”.
“Според првичните податоци загинале повеќе од 30 лица. Спасувачите не можат да стигнат до експлозијата, настанал од отровен гас”, изјави претседателот на рударска инспекција во ДНР Владимир Цимбаленко.Според податоците на украинската агенција УНН во моментот на хаваријата во шахтата се наоѓале 207 рудари. Претходно беше објавено дека се блокирани 73-ца.
