По која цена ќе може да се купат Галакси Ес6 и Ес6 Еџ во Европа

од Vladimir Zorba
137 прегледи
Самсунг го претстави својот најнов предводник Галакси Ес6, како и Ес6 Еџ. Тие ќе излезат на пазарот на 10 април, но Самсунг Холандија започна со прелиминарните нарачки на смартфоните, потврдувајќи ги нивните цени за територијата на Европа.it_photo_218059
Галакси Ес6 ќе започне од 699 евра за верзијата со 32ГБ внатрешна меморија, моделот со 64ГБ ќе може да се купи за 799 евра, а варијантата со 128ГБ може да е ваш за 899 евра. Не е изненадувачки, дека Ес6 Еџ со закривен од двете страни дисплеј е поскап – 849 евра (32 ГБ), 949 евра (64 ГБ) и 1.049 евра (128 ГБ).samsung_galaxy_note_edge_display
Треба да се има предвид дека тоа се цени за отклучени уреди. Во мобилен оператор треба да бидат поефтини, но сè уште не можеме да потврдиме дека ова правило ќе важи за Македонија.