Колумбиските власти запленија во саботата брод на најголемата кинеска пловидбена компанија, кој превезувала илјадници гранати, околу 100 тони барут и други материјали за изработка на експлозиви. Ова го соопшти јавното обвинителство на Колумбија, цитирана од агенциите.
Бродот “Да Дан Сјиа” на компанијата Cosco Shipping Co Ltd патувал за Куба, но бил запрен во саботата во северното колумбиско пристаниште Картагена, на карипскиот брег.
Тоа се случило откако материјалите биле пронајдени при проверка. Според документите на пловилото тој превезувал житни производи. Капетанот на бродот кој пловел под знаме на Хонг Конг е уапсен.
Портпаролка во главната канцеларија на Cosco Shipping во Гуанчжоу изјави дека бродот всушност плови за компанијата, но додаде дека не знае за инцидентот.
Cosco Shipping е дел од конгломерат со државна поддршка China Ocean Shipping Group Co, наведува Ројтерс.
“Откриени се околу 100 тони барут, 2,6 милиони детонатори, 99 гранати и околу 3.000 проектили за топ”, изјави за новинарите претставник на јавното обвинителство во Колумбија. Документацијата на пловилото не е совпаѓа со неговиот товар, додаде тој.
Слики, прикажани од главното обвинителство,ги прикажуваат дрвените сандаци со оружје во контејнер за транспорт, а според насловите провајдер е кинеската корпорација од одбранбениот сектор China North Industries Group Corporation.
Компанијата, која е позната уште како НОРИНКО, е најголемиот производител на оружје во Кина, забележуваат агенциите.
Како примач на пратката се наведува фирмата за увоз Tecnoimport во кубанската престолнина Хавана. Кубанската компанија засега не ја коментираше.
Маж, чиј идентитет е обелоденет како првиот офицер на бродот “Да Дан Сјиа”, потврдува за Ројтерс дека бродот бил запленете во Колумбија, без да коментира повеќе.
Јавното обвинителство во Колумбија изјави дека капетанот на пловилото ќе биде изведен пред судија, за да биде уапсен, додека чека да му биде покренато обвинение. Според официјални извори тој може да биде обвинет за нелегално превезување на материјали со воен предзнак.
Истовремено кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека во случајот со “Да Дан Сјиа” станува збор за “обична трговска соработка”. Според портпаролката на Министерството, Хуа Чунин бродот превезувал обични воени испораки за Куба и не прекршил никакви меѓународни правила.
