Претседателот на полицискиот синдикат Тихомир Климовски за РСЕ вели дека еден од поголемите проблеми се работните услови односно нереновираните полициски станици особено во внатрешноста на земјата, за кои потенцира дека се многу стари и нефункционални.
Тој вели дека во овој сегмент има големо уназадување, точно е дека има реновирање, но не со таков интензитетот како што би требало.
Полициска станица во Куманово.Полициска станица во Куманово.
„Искрено да ви кажам тоа се објекти кои што некаде датираат и пред војната и колку и да се реновираат и поправаат тоа не е функционално. За волја на вистината доста од нив ги имаме и променето, да речеме во Куманово имаме нови објекти, меѓутоа повеќето од нив се објекти кои датираат од далечните педесети години на минатиот век, па и порано.“
Климовски вели дека синдикатот се обидува да ја вклучи покрај централната власт и локалната самоуправа во реновирањето на полициските станици.
Повеќе ТУКА
