Повеќе од 30 рудари загинаа во експлозијата во рудникот Засјадко во Доњецк, по што екипи на итната помош почнаа да извлекувааат безживотните тела.
![]()
Пред операцијата на спасување на посмртните останки на рударите, работниците морале во целост да ги неутрализираат отровните и запаливи гасови.
„Во оваа експлозија загинале повеќе од 30 рудари. Спасувачките екипи работат на тоа да извелчат што е можно повеќе тела„ рекол Цимбалјенко.
„Се сомневаме дека до експлозијата дошло поради мешање на гасот и воздухот. Во моментот на експлозијата 47 работници биле во рудникот а 33 во делот каде се случила несреќата„ се наведува во соопштението.