Најстарата жена во светот го прослави 117-от роденден

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Најстарата жена во светот Јапонката, Мисао Окава, денеска во Осака го прослави 117-ти роденден на островот во архипелагот познат по долговечностa.

oldest-bday

Мисао Окава, родена на 5 март 1898 година, позираше еден ден порано за фотографите во кимоно розoва боја, со цвет во косата.

Ведра и насмеана, старицата беше опкружена со семејството. Има три деца, четири внуци и шест правнуци. Најстариот син има 92 години.

Како и секоја година, грдоначалникот на Осака, Такехиро Огура и подари на најстарата жена во светот букет цвеќе.

Мисао Окава пред две години доби Гинисов сертификат дека е најстара жена во светот иако Кинезите тврдат дека во нивната земја живее жена која има 127 години.

Најстариот маж во светот исто така е Јапонец, Сакари Момои кој има 112 години. Роден е на 5 февруари 1903 година.

Јапонија во 2014 година имаше 59.000 лица на возраст над 100 години, од кои 87 отсто жени.