Американскиот амабасадор побара ИВЗ да ги одвраќа младите екстремни муслимани

од desk3
100 прегледи

На својата прва средба со поглаварот на Исламската верска заедница новиот американски амбасадор Џес Бејли интересирајќи се за проектот на Заедницата „Стоп терор“ побарал повеќе да се работи воспитно со младите муслимани за нивно одвраќање од заминување на фронтовите во Ирак и во Сирија, информираше поглаварот Реис ул Улема Сујелман ефенди Реџепи.

mkd-179947

– Во нашата програма го има тој елемент да превенираме некој на младите да им го „пере мозокот“ да заминуваат на фронови во Ирак и во Сирија. Иако не бил на служба во Македонија, амбасадорот одлично ги познавва нашите состојби и рече дека е многу задоволен што во нашата земја имаме мултиконфесионално и мултикултурно општество, дека тоа е дар од Бога. Амбасадорот рече дека фронтот во Сирија нема да биде последниот фронт и дека ќе има и нови војни, па затоа ни порача да работиме напорно за да го сочуваме ова наше разнолико, но богато општество рече поглаварот на ИВЗ

Поглаварот рече дека ИВЗ му ветила на амбасадорот дека проектот, кој е поддржан од Министерството за евроинтеграции, предвидува да се работи со младите муслимани, да не се дозволи „некој да им го пере мозокот” и да заминуваат на фронтовите во Ирак и во Сирија.