Жртвите од природни катастрофи, тафуни и друго, тројно ќе се зголемат до 2030 година

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Бројот на луѓето кои ќе бидат погодени од поплави, ќе се зголеми за три пати во наредните 15 години, покажа анализата, пренесува BBC.

Според Институтот за светските ресурси, причините се климатските промени и зголемувањето на населението на Земјата . Центарот, вели дека ова е прва јавна анализа на сите светски податоци за сегашни и идни ризици од речни поплави.

Околу 20 милиони луѓе се изложени на ризик од поплави. Според најновите проценки сепак тоа може да нараснат на околу 50 милиони луѓе за само 15 години, а трошоците за светската економија годишно би биле околу 340 милијарди фунти.

Голем дел од поплавите се должат на климатските промени и социо-економскиот развој. Според Црвениот крст речиси половина од природните катастрофи, со кои требало да се справи минатата година, биле предизвикани од поплави.

Природни катастрофи како суша, поплави, земјотреси и катастрофални бури на Светот му предизвикуваат економски загуби од просек 250-300 милијарди долари годишно, се вели во извештајот на канцеларијата на ОН за намалување на ризикот од катастрофи. Според проценките на ОН при годишни инвестиции од 6 милијарди долари во напорите за намалување на ризикот од природни катастрофи. во светот може да се заштедат дури 360 милијарди долари во следните 15 година

Извештајот е објавен две недели пред Третата светска конференција на ОН за намалување на ризикот од природни катастрофи, која ќе се одржи во јапонскиот град Сенди од 14 до 18 март.

Најзагрозени се градовите во Филипини
Oд десетте градови во светот, кои се најзагрозени од природни катастрофи, осум се наоѓаат на Филипините, тврди истражување, цитирано од Ројтерс. Другите два се Порт Вила и Тајпеј во Тајван. Од 100-те града со, највисок ризик од земјотреси, урагани и други катаклизми, над половината се во 4 азиски држави.

Истражувањето на компанијата за анализа на ризик “Вериск Мејплкрофт” ја разгледува заканата од бури, поплави, земјотреси, цунами, пожари, вулкани и свлечишта во над 1.300 града во Светот.

Во првите 100, 21 се градови во Филипините, 16 во Кина, 11 во Јапонија и 8 во Бангладеш.

Од 13-те земји за кои се смета дека се најмногу неспособни да се справат со катастрофите, 11 се во суб-сахарска Африка. Сомалија ја предводи оваа листа за четврта година по ред. Покрај ризикот од вулкани, земјотреси и поплави, Филипините се на удир и од над 20 тајфуни секоја година.