Фуере: По 24 декември, многумина во ЕК беа за одземање на кандидатскиот статус!

од desk3
88 прегледи

Иако тоа нема никогаш да го признаат, не е никаква тајна дека многумина во Европската комисија веруваат дека препораката за датум за отворање преговори требаше да биде повлечена по драматичните настани во Собранието на 24 декември 2012 година, вели ексамбасадорот Ерван Фуере во интервјуто за последниот број од неделникот „Фокус“.

ervan-fuere-565x501

Фуере за неделникот вели дека за излез од демократскиот ќор-сокак ЕУ треба веднаш да ги стартува преговорите со Македонија, а дипломатот има и неколку совети до Никола Груевски инспирирани од Нелсон Мандела.