Нигериjка се разведува со сопругот поради големото достоинство

од Vladimir Zorba
111 прегледи

Нигеријка поднела барање за развод, бидејќи пенисот на нејзиниот сопруг бил премногу голем, објави “Дејли Меил”.tehc83eganouczppdiar

Ајша Данупава, домаќинка и мајка на 3 деца, побарала бракот  со Али Мајзинари да биде раскинат поради неговата голема машкост.

Разводот бил примен по едвај недела брак од исламски суд, почитувајќи ги сите закони на шеријатот во нигериската држава Замфара.

Таа раскажала на судот дека се омажила за Мајзинари по неуспехот на нејзиниот прв брак.Како дел од локалната традиција, невестата била поканета во домот на родителите на мажот пред да се насели кај него. Таа тврди дека повредата започнала првиот пат кога тие имале секс.

“Кога дојде, почнавме секс, но беше кошмар. Наместо да се насладувам на сексот, стана нешто друго, бидејќи органот му беше преголем”, раскажа таа во судот.

По првиот неуспешен обид, таа зела лек, даден од нејзината мајка.

“Ѝ реков на мајка ми за доживувањето, но таа ми рече да трпам и дека со текот на времето ќе се навикнам. Потоа ми даде некаков лек”, изјави таа за нигериски медиуми.

Според Данупава, двојката повторно имала секс, но било “толерирано” и двојката заклучила дека нема лек, кој ќе им помогне на сексуалниот живот или на нивниот брак. Мајзинари не ги негирал обвиненијата и изјави дека сака да раскинување бракот, ако миразот и парите потрошени за време на додворувањето, му бидат вратени.