Ти не си ни човек. Уште помалку жена. Такво ѓаволско кикотење, такво злобно поигрување, такво сотонско исмевање. Со луѓе. Со Македонци. Можеби од Пустец но сепак Македонци.

Но, како и да не се потсмеваш на нив кога тие не биле луѓе. Човечиња. За тебе кутрите, сиромашни, изнамачени и злоупотребени Македонци од Пустец се само “човечиња“.
Човечиња, кои уредно чекаат во ред. Чекаат во ред за да гласаат. Да гласаат за да можеш ти Горде, да ги задоволуваш твоите болни амбиции и потреби.
Горде, оди си! Оди си самата пред да стане доцна! Ти не само што немаш политички легитимитет. Ти немаш човечки легитимитет!
Земи си го твојот љубен и бегај. Бегај и уживај во деновите на слобода. Бидејки, не ти остануваат уште многу. Всушност, да имавме ние, барем малку од малку правна држава, ти сега ќе беше во суд. Со лисици на твоите валкани раце! Валкани раце кои зацрниле, питај Бога колку, човечки судбини!/ извор Либертас
Човекот кој не се бореше за ваква Македонија!
Генерал Ангелов