Претензиите на исламистите за светско господарење

од desk3
81 прегледи

Напади врз христијаните, уништувања, брутални егзекуции, видеа кои покажуваат нечовечки злосторства. Теророт на “Исламска држава” сепак не е цел сама по себе. Таа е дел од една морничава стратегија за освојување на целиот свет.

0,,17740988_303,00

Ако зборовите на џихадисти се земаат буквално, тогаш обезглавувањата се само почеток на една многу голема битка. Засега таа се води само во јужниот дел на Медитеранот, но во одреден момент може да го опфати и северниот. Слично нешто се планира подолго време . “Ние ќе завладеем Рим”, вели маскиран џелат, стоејќи на либискиот брег, посочувајќи со нож кон Европа.

Оваа закана не произлегува од моментално расположение. Во летото на 2014 година “Исламска држава”го објавува четвртото издание на весникот “Дабик”. Самото списание го носи името на населбата Дабик во северниот дел на Сирија, кое се споменува во исламските хадити. Малку пред крајот на светот, пишува во хадитите, во Дабик требало да се одржи решавачката битка меѓу муслиманите и христијаните.

Уредниците на списанието во предметното издание избрале и премногу симболична “илустрација”: плоштадот “Свети Петар” во Рим, над кој се вее црното знаме на џихадистите. Во декември водачот на “Исламска држава” Абу Бакр ал Багдади изјави дека “со благослов на Алах” неговата организација требало да го освои Рим.

0,,18283008_404,00
Религиозното објаснување за овој антихристијански курс беше дадено уште во 2007 година од ИД, која тогаш се нарекуваше ИДИ / Исламска држава во Ирак / во нејзиниот основачки статут, насловен како “Известување до верниците за раѓањето на исламската држава”. Повикувајќи се на основачот на исламската религија Мохамед, авторите пишуваат дека муслиманите задолжително треба да бидат управувани од муслимани. Таму каде што живееле најмалку тројца муслимани на истото место, едниот треба да биде назначен за нивен командант. Задолжително за доброто на муслиманите било и тоа да живеат во земја во која дејствуваат законите на шеријатот.

Канонските текстови не содржат ограничувања за големината на предметната територија. А со оглед дека муслиманско присуство има во целиот свет, може да се заклучи дека “Исламска држава” претендира за светска сунитска доминација. И како во раноисламско време муслиманските регион постојано се прошируваат, така и ИД постојано ќе ја проширува својата територијална доминација, се вели во основачкиот декрет. Оваа територија автоматски се претвора во територија на калифатот.

Експанзијата на ИД се остварува врз основа на три тактички принципи: “nikayаh” (терор и уништување), “tawwahush” (безмилосна суровост) и “tamkin” (наметнување на калифатот). Нема сомневање дека идентификацијата ги зема овие принципи сериозно.

Четирите цели на теророт

0,,18285190_401,00

Со насочени напади врз христијаните, пишува на сајтот на Ал Џезира американскиот историчар од иранско потекло Хамид Дабаши, ИД ги реализира четирите цели: Прво: христијаните спаѓа во изворното население на Блискиот Исток, тие се симбол на мултикултурната и мултирелигиозната разновидност во регионот. Токму него сака да избрише “Исламска држава”. На второ место, нападите врз верски малцинства како христијани, шиити и јазиди се цел да ги судрат верските заедници едни против други и на тој начин да ја поткопаат стабилноста на одделните држави.

Трето, нападите треба да провоцираат интервенција од страна на западните сили – ЕУ и САД. Така тие волно-неволно ќе ја потврдат теоријата на џихадистите дека се бранат против останатиот свет. Западот и бездруго е склон да ги прифаќа нападите врз христијани како напади врз себе, но успева да забележи дека повеќето жртви на ИД се христијани од арапскиот свет, истакнува Дабаши. На четвртото место, нападите врз верски малцинства се обид да се врати идеја за непобедливост на ИД нарушена по губењето на Кобане. Со нивна помош ИД осигурува и трајно присуство во западните медиуми.

Може само да се додаде дека теророт против христијаните дополнително ја подгрева опасноста од проширување на исламофобијата во западниот свет. А тоа може да доведе до радикализација на некои муслимани што ќе ги зближи со џихадистички идеи. Би настанал еден маѓепсан круг, придвижуван со нова сила од акција и контра. Барем дотогаш, додека не се увиди тајната стратегија на “Исламска држава”…

Извор:DW