ДОМ: Оставка на Зврлевски и избор на нов обвинител со консензус

од desk3
97 прегледи

ДОМ смета дека политичката криза бара итни мерки за да се реши во институциите и да не се направи уште поголема штета за Македонија. За ова е неопходен дијалог меѓу власта и опозицијата и договор за редоследот на потези, велат од партијата во писменото соопштение.

DOM

Сметаме дека разврската треба да почне со оставка на Јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Парламентот и избор на нов обвинител, со консензус на сите политички партии во Парламентот.

Потоа треба да се водат паралелно два транспарентни процеса: судски и парламентарен преку анкетна комисија.

Инсистираме да се започне со Јавниот обвинител, зашто тој треба да биде главна фигура во судската разврска, човек со интегритет и стручност, во кој ќе имаат доверба сите политички субјекти и најшироката јавност, велат од ДОМ.