Ако Костарика и Колумбија ви се допаѓаат како можности за егзотично патување, тогаш Панама сигурно исто така ќе ви стане фаворит.
Тоа е така, од проста причина што земјата граничи токму со овие две држави и комбинира во себе како модернизам , така и класика. Освен тоа соседните острови на Панама се вистински рај – чиста вода и бели песоци, кои одвај би оставиле рамнодушен некого.
Во првиот дел интересни факти за Панама завршивме со тоа што градот Колон е најголемата зона за слободна трговија во западната хемисфера и втората по големина во светот по зоната на Хонг Конг.Продолжуваме тематски:
11. Панама е на второ место повторно по Хонгконг по офшор компании .
12. Изградбата на Панамската железничка линија што го поврзува пацифичкото крајбрежје со атлантското, траела пет години и тогаш чинела 8 милиони долари.
13. Островот Табога се наоѓа на 20 километри јужно од Панама Сити. Тој е шармантен, историски остров , откриен од Шпанците во 1524 година. Табога било едно од првите длабоки пристаништа во регионот, но честите напади на пирати ги принудиле Шпанците да се преселат на соседниот остров Ел Моро.
14. Во Панама има повеќе од 40 закони за заштита на странските компании како одбивање за откривање на банкарски информации и обезбедување на еднакви можности за домашни и странски фирми.
15. Архипелагот на Лас Перлас се наоѓа на 40 километри од Панама Сити и е главен извор на приход , поради производство на бисери . Во 1513 година тука е најден познатиот скапоцен камен “Перегрин” (31 карати). Островите одамна се омилена дестинација на познати личности и политичари. Тука почива претседателот Картер, Шахот на Иран, како и поранешниот шпански претседател Фелипе Гонзалес.
16. Главните производи на традиционалната панамска кујна се: пченка, грав, месо и ориз.Како гарнир локалните жители обично преферираат пржен леб – крцкав или сладок. Во Панама чајот исто така е многу популарен, како и кафето со млеко. Алкохолните пијалоци се консумираат повеќе отколку локалното пиво, румот и традиционалниот ндијански пијалок “Chicha”, направен од трска.
17. Во планините на провинцијата Чирики живее харпија – најголемата граблива птица и света птица за Индијанците.
18. Стариот кварт на Сан Фелипе , исто така познат како Каско Антико или Каско Виехо, е долг полуостров во морето, кој се наоѓа во југозападниот дел на градот. Тоа е најживописниот и историски најинтересниот дел од регионот на Панама Сити.Таму можат да се видат колонијален раскош и извонредна архитектура .
19. Националниот парк Соберанија , кој се наоѓа на 65 километри од Панама Сити, е познат по својата богата природа. Само на 6 километри од главниот град, пак, се наоѓа Националниот парк Метрополитано.
20. Во Панама има индијанското племе во кое за исклучителен знак за убавина се смета големиот, долг нос на жените. Еве зошто жените таму си го бојадисуваат носот со црна лента, за да го зголемат визуелно носот уште повеќе.








