Агенција “Ројтерс” избира некои теории за судбината на MH370 – од оние со уверливи аргументи до чисто конспиративни:Исчезна во близина на островот Диего Гарсија
Поранешниот шеф на француските Proteus Airlines Мек Дјуген има теоријата дека авионот може да беше соборен од американските војници заради стравот од напади тип 11 септември над нивната база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан. Дјуген се повикува на изјави на жители на Малдиви, кои велат дека виделе авион кој лета во оваа насока. “Ројтерс”, меѓутоа, истакнува дека овие претпоставки во голема мера биле елиминирани.
MH370 и MH17 се ист авион
Оваа хипотеза се базира на слики од местото на несреќата на MH17 во источна Украина. Според поддржувачите на оваа теорија овој авион е всушност MH370 – малку нов модел на Боинг 777, кои имал само некои мали промени во куќиштето си. Не станува јасно сепак како така MH370 бил скриен во текот на шест месеци пред да биде заменет со MH17 и што се случило со нивните тела. Киднапиран е од вонземјаниАгенцијата “Ројтерс” лаконски забележува дека оваа хипотеза нема потреба од појаснување.

