Шефот на Еврокомисијата Жан Клод Јункер повика за создавање на единствена европска армија, соопшти германското издание Welt am Sonntag. “Таква армија би ни помогнала да формираме заедничка надворешна политика и политика за безбедност, а исто така заедно да ја носиме одговорноста на Европа за настаните во светот” – изјавилЈункер.Тој смета дека на таков начин Европа ќе и демонстрира на Русија сериозен однос кон опстојувамчките вредности на Унијата. По неговите зборови европската армија ќе покаже на целиот свет дека меѓу земјите од ЕУ никогаш нема да има војна.
Според Welt am Sonntag предлогот на Јункер пронашол поддршка меѓу пратениците во Германскиот Бундестаг.
На 6 март за создавање на паневропска армија се произнел министерот за одбрана на СРГ Урсула фон дер Лјајен. Според нејзините зборови тоа ќе ја зајакне европската политика во сферата на безбедноста при кризи слични на украинската.
При тоа шефицата на германското воено министерство посочи дека таков голем проект нема да се случи брзо, туку ќе потрае .
