Обвинителството ќе ги истражува последните видеа за да утврди дали се ПИ мерки или не

од desk3
88 прегледи

20762golema

Јавното обвинителство соопшти дека по однос на објавените снимки и други материјали за кои се коментира дека наводно потекнуваат од примена на посебни истражни мерки, издадени се наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејствија со цел да се извршат проверки за да се соберат известувања за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите, нивното потекло, како и сите други правно релевантни податоци.

sobranie-komisija-za-presumpcija-nevinost-2
Покрај ова, Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека кривичните пријави поднесени од СДСМ, Зоран Заев, Радмила Шеќеринска, Стево Пендаровски, Оливер Спасовски, Тито Петковски и Андреј Жерновски, се земени во работа.
Притоа се повикани подносителите на кривичните пријави, дел од нив се сослушани пред јавниот обвинител и во тек е преземањето и на други дејствија со цел да се соберат известувања и релевантни докази за одлучување по кривичните пријави, се вели во соопштението.