Претседателот на Русија Владимир Путин откри моментот кога  ја издал тајната наредба за анексија на Крим, пренесе AFP . Во трејлер на документарниот филм на државната телевизија “Россия-1” Путин зборува отворено за контроверзното заземањето на Крим од Москва пред една година.

russian-troops-invade-gas-facility-ukraine-mainland

Рускиот лидер раскажува за полноќната средба со шефовите на безбедносните сили, фокусирана на тоа како да го спасат соборениот украински претседател Виктор Јанукович, кој избега по прозападниот уличен бунт во Киев
“завршивме околу седум наутро”, рече Путин и продолжи: “Кога се разделувавме им реков на моите колеги – треба да почнеме да работиме на враќање на Крим на Русија “.
Четири дена по средбата во февруари минатата година, неидентификувани војници без ознаки  го  зазедоа локалниот парламент во Крим и пратениците набрзина избраа нова влада. Потоа, на 18 март, украинската област беше официјално анексирана од Москва, што предизвика лута реакција во светот.
Воената операција првично беше чувана во тајност и покрај сè повеќе очигледни активности на руските сили без ознаки  во Крим,  а Москва инсистираше дека единствено локални жители учествуваат во бунтот. Подоцна Кремљ призна дека стои зад грабнатата власта.
Во  документарниот филм Путин тврди уште дека руската армија била подготвена да влезе со сила во источноукраинскиот град Донецк, за да го спаси Јанукович – силно корумпирана, но лојална   на Москва фигура на кого се транскрибираат услугите за задржувањето на Украина во сферата на влијание на Русија.
“Тој требаше да биде убиен”, изјави Путин. “Подготвија се да го изнесеме од Донецк по копно, море или воздух”, додаде тој.
Подоцна Јанукович се појави во јужниот руски град Ростов и оттогаш не се враќа во Украина.
Оттогаш над 6.000 лица загинале во борбите меѓу украинските владини сили и теешковооружените сепаратистички милиции со фортификација во Донецк и поддржани од Русија, според западните влади, иако Москва  го негираше ова тврдење, додава AFP

Слични содржини