Се разбудија середноколците во Македонија. Незадоволството и критиките на Студентскиот и на Професорскиот пленум се префрлија сега на средношколците и на нивните наставници. Иако изминатиов период доминираа проблемите во високообразовните установи, сега се повеќе се електризира атмосферата во средното образование.
Полека но сигурно се шири мрежата на средношколски интерни пленуми. Покрај во Скопје, Штип, Куманово и Битола и велешките средношколци ги обединија своите заеднички ставови во средношколски пленум. Велат проблемите кои ги мачат учениците но и професорите од средните училишта се идентични. Бараат изземање на математиката како задолжителен предмет во државната матура и целосно укинување на екстерното оценување. Нивните барања секојдневно се собираат од пленумите од сите средни училишта, а деновиве ќе ги достават и до Министерството за образование и наука. Од одговорите на надлежните ќе зависат понатамошните чекори на средношколците. Според нив, се поголемо незадоволство има и кај професорите кои ги подржуваат во идејата да се спротистават на лошите реформи во основното и средното образование.
Вчера на Радио МОФ се одржа дебата на тема „Средношколски активизам за промени во средното образование“ на која се дебатираше за проблематиките кои периодов се јавуваат во средното образование, конкретно екстерното тестирање и штрајкот на наставниците.
Таму посочија дека сите наставници чекаат да дојде 15 март, за конечно МОН и СОНК да ги соопштат резултатите од преговорите за казните од екстерното тестирање
