Иако во последно време се зборува многу повеќе за еколошките проблеми со кои се соочува нашата планета, тие продолжуваат да бидат исто толку сериозни, како пред 10 години, на пример.
Затоа во последно време се повеќе модерни стануваат екохотелите кои се и најсоодветно место за луѓето како еколозите , макар и само по душа.
Во далечната и егзотична Никарагва хотелот Morgan’s Rock нуди екошик од највисока класа. Тој цели да ја покаже убавината на регионот Сан Хуан дел Сур , во кој е лоциран, но со минимално негативно влијание врз животната средина.
Сопственикот Ерик Понкон споделува:“Сакавме гостите да останат поврзани со најосновните и фундаментални елементи на природата, биле тие звуците на океанот, подигнатото чувство за природниот бриз, освежувачкиот мирис на дожд врз земјени почви, како и разновидноста на звуците на животните – мали , средни и големи, во текот на денот и ноќта! “ .
Ако веќе барем малку сте заинтригирани, сигурно ќе се израдувате да дознаете дека Morgan’s Rock е опкружен со природен резерват – земјиште, прашума и плажа. Екохотелот нуди 15 дрвени бунгалови за сместување , кои совршено се спојуваат со животната природа.
За изградба на хотелот се користат само ниски дрвја, вулканска карпа и други помали камења . Дрвен мост го поврзува бунгаловот со плажа, изграден на благо брдо. Што се однесува до храната , голем дел од неа е морска , а другата се одгледува во специјално изградена фарма .
Разгледајте ги фотографиите и проверете една екоприкаска во пределите на Никарагва.
