Туск, кој ќе се сретне денеска со американскиот претседател Барак Обама во Вашингтон, истакна дека сака Европа да заземе силна позиција заедно со САД за спротивставување на руските напори за прекројување на украинските граници, за справување со хаосот во земји како Либија и за добредојде на заканата од џихад насилството.
Според него Европа мора да си извлече јасни поуки од војната во Украина, за да одговори на предизвиците во една нова и опасна ера.
Туск допатува во Вашингтон во момент кога Европа и САД сакаат да создадат заеднички фронт против Путин и да ја продлабочат соработката во борбата против тероризмот, наведува весникот.
Тој призна дека комплициран процес на донесување одлуки во Европската унија прави тешко за заедницата да одговори на активностите на Русија и на други безбедносни предизвици толку брзо и цврсто, колку би сакал Вашингтон.
Но, со оглед дека санкциите против Русија истекуваат наскоро, Обама бара поддршка од европските сојузници за одржување на притисокот врз Москва, рече Туск.
Според него, во моментов е невозможно да се постигне едногласност меѓу земјите во ЕУ за воведување дополнителни санкции против Русија, и покрај мноштвото нарушувања на договореното прекин на огнот во Украина.
“Некои политичари во Европа се подготвени да веруваат дека постои можност за добра волја” од страна на Путин и Русија, изјави Туск. “Јас сум скептичен”, додаде тој. Туск предупреди дека е потребно да има “постојани напори” за заштита од обиди на Москва да ги дели европските лидери, наведува “Њујорк тајмс”.
