Универзална мобилна услуга навлегува во целиот свет

од Vladimir Zorba
103 прегледи
Мобилната услуга ГСMA Мобајл Конект веќе се нуди од 17 оператори во 13 земји во светот, соопштија од трговска асоцијација за време на СМК 2015 во Барселона. Се очекува оваа година уште оператори да се приклучат на иницијативата.491709017_640
ГСMA Мобајл Конект им овозможува на корисниците да креираат и користат универзален идентификатор за безбеден пристап до мобилни и дигитални услуги, вкл. е-трговија, забава, здравје и услуги на е-влада.
Во моментов, Мобајл Конект е достапна во земји како Египет, Индонезија, Кина и Малезија. Претстои пуштање на услугата од оператори во Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија, Франција, Швајцарија и др.
Голем број на снабдувачи на услуги од различни сектори, вкл. осигурување, туризам, трговија и рекламирање, веќе нудат комерцијални услуги на база Мобајл Конект. Операторите пак ја користат технологијата за поедноставување на пристапот до сметките и управување на претплатниците.
Здружението ГСМА соработува со добавувачи на технички решенија како Ериксон и ВСO2 во распоредување на Мобајл Конект низ целиот свет преку готови модели за имплементација.