ДИК ја презакажа седницата за снимките на СДСМ, ќе се прави анализа

од desk3
92 прегледи

mkd-107858
Државната изборна комисија ја презакажа седницата на која ќе заземе официјален став по објавувањето на изборните ”бомби” од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Актуелниот претседател на ДИК, Никола Рилковски во изјава за „Слободен печат“, вели дека нема да ги игнорира информациите што ги објавува опозицијата, а се однесуваат на изборните нерегуларности, но став и како гласач и како претседател на ДИК ќе заземе по утрешната најавена прес конференција на која лидерот на СДСМ, Зоран Заев, најави дека ќе ги соопшти најскандалозните информации што ги имаат на тема избори.

За да се утврди дали во целост бил нарушен изборниот процес, според членовите на ДИК, треба да се направи поширока анализа.