Торстен Фрај: Власта и опозицијата и направија мечкина услуга на земјата

од desk3
104 прегледи

torsten-fraj-1

Двете страни, и власта и опозицијата и направија мечкина услуга на државата, вели во интервју за Дојче Веле, Торстен Фрај, пратеник на ЦДУ во Бундестагот, по расправата на комисијата за надворешни работи за состојбите во Македонија.

-Најновиот развој на настаните се чини дека ситуацијата во негативна смисла ја крева на ново ниво. Сега единствено и исклучиво е битно меѓусебните обвинувања да се расветлат со средства на правната држава и да бидат извлечени соодветни правнодржавни консеквенции. Но, во однос на натамошното приближување на Македонија кон ЕУ, обете страни веројатно и направија мечкина услуга на својата држава. Тоа пак се совпаѓа со Извештајот на Комисијата на ЕУ за напредокот, кој во Македонија побргу гледа назадување, отколку напредување, истакна пратеникот Фрај за Дојче Веле.

Фрај вели дека постои желба за приближувањето на Македонија кон ЕУ, но додава дека земјава, мора самата да даде суштински сопствен придонес за реализација на овој процес.

-Јас постојано велев дека прашањето за името е централен проблем и Македонија тука има потреба и ја заслужува нашата поддршка. Но, дури и при натамошно одложување од страна на Грција, доволен мотив треба да се широките импулси предизвикани со реформите. Патем, сигурен сум дека кога Македонија целосно би ги исполнила сите критериуми и само Грција би блокирала почеток на преговори или прием, притисокот на заедницата врз Грција би бил значително поголем, истакна Фрај.

Македонија може да успее, уверува пратеникот од редовите на партијата на канцеларката Ангела Меркел, посочувајќи го примерот со Балтичките држави.

-Тие се напрегнаа со сета сила, беа примени, со приемот севкупно многу позитивно се развиваа и Естонија токму израсна во некој вид ученик за пример во Еверопската Унија.