Две години, десет бракови!
Млада иранка е исправена пред суд за измама, откако за две години успеа да се омажи и да се разведе десет пати, секој пат добивала финансиска компензација, предвидена со закон.
Иранските медиуми информираат дека при секој развод итрата дама добивала од 100 до 110 златници или околу 30 000 долари.
Според исламскиот закон во Иран, ако бракот не е “конзумиран”, жената може да побара половина од предвидената сума во потпишаниот од двајцата сопружници брачен договор.
Дваесет годишната дама, чиј идентитет не се открива, се запознавала со синови на богати семејства и по неколку состаноци инсистирала за брак. Но вечерта на свадбата таа одбивала да се пресели кај нејзиниот сопруг и барала да и се плати дел од сумата која мажот ја припишува на жена си ако го надживее – т.н. мехриех на персиски. Традиционално оваа сума се плаќа од идниот сопруг во златници.
Десетте сопружници го опишале апсолутно истото сценарио.
Итрата девојка не се признава за виновна пред судот, велејќи дека не извршила ништо нелегално.
