Парите на “Исламска држава” – милијарди и доаѓаат од седум извори

од desk3
145 прегледи

Иранското издание Mashregh ги набројува најважните извори на приходи на Исламската држава. Според медиумот, оваа информација би можела да помогне да се преземат неопходните мерки за ограничување на активностите на организацијата.

0341666001424688999_460999_600x458_actualno

1. Екстракција и продажба на нафта

Од рударството и продажба на нафта Исламска држава секој ден заработува по 2 млн. долари. Главниот дел од црното злато се добива во северниот дел на Ирак и Сирија. Добиената нафта се испраќа во други земји во јужниот дел на Турција и се продава на светскиот пазар по пониска цена.

2. Заложници

Во 2012 година New York Times, повикувајќи се на Министерството за финансии на САД, соопшти дека во текот на осум години Ал Каеда има заработено просек годишно 120 милиони долари од земањето заложници.

Определувањето на доходите на ИД од слични активности е отежнато. Минималната сума за која може да станува збор во 2013 година, била 125 милиони долари, а во 2014 – 66 милиони. Главниот фактор кој го отежнува оценувањето на приходот на ИД во оваа сфера, е тоа дека терористичките групи се расфрлани по целиот и свет и е тешко да се процени дали се реални сојузници на ИД.

3. Продажба на историски вредности

Еден од главните извори на приход на ИД е црниот пазар на историски вредности. Организацијата го воспостави своето владеење над територијата на која пред многу векови се појавиле древните цивилизации на Азија. Тие се богати со уметнички дела од древната уметност, затоа на овој начин ИД обезбедува солидни приходи преку продажба на нив.

4. Даноци и казни

На освоените територии ИД создала владини институции и собира даноци од граѓаните под различен изговор.

Во еден од извештаите објавени од самата ИД, за четворица осудени на смрт, пишува дека тие изјавиле: “ИД зема даноци од граѓаните, а ние бевме убедени дека тоа е ерес и паганизам.” Овој запис покажува дека членовите на ИД собираат даноци и овој извор на приходи е важен за нив, затоа секој протест во овој поглед се казнува со смрт.

5. Конфискација и кражби

Американската приватна консултантска компанија “Стратфор” пишува во еден од официјалните извештаи дека само од кражби во Мосул ИД се здобила со 500 млн.долари. Кон ова може да се придодаде и огромна сума од конфискуван имот.

6. Трговија со човечки органи

Постојаниот претставник на ОН Мохамед Хаким изјави пред неколку дена дека ИД ги извезува органите на своите жртви и ги продава во болниците на соседните држави. Имајќи го предвид огромниот број на убиствата извршени од групата, може да се направи заклучок дека на тој начин таа си обезбеди значителни финансиски средства.

7. Приходи од царина и монополска трговија

Друго суштинск приходи на ИД се царинските давачки. ИД имаше намера да ја активира оваа своја активност, но благодарение на меѓународните напори членовите на групата можат да тргуваат само со јужните делови на Турција.

Освен тоа организацијата има воспоставено трговски монопол за некои стоки што нејзе и носат прекрасен профит. ИД воведе монопол над основни стоки како памукот и пченицата.

Финансиска структура

ИД веќе формирала и свои банки, што само по себе сведочи да постоењето на посебна финансиска структура внатре во терористичката организација. До моментов, сепак, има многу малку информации за ова прашање.