„Постои потреба од внимателно расветлување на сериозните обвиненија од страна на опозицијата кон Владата, меѓу другото, во врска со владината контрола врз судството и медиумите. Дел од Копенхашките критериуми, кои мора да бидат исполнети за пристапот кон ЕУ, е и правнодржавниот поредок“, вели во интервју за НОВА, амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер.
Таа потсетува на загриженоста за судството во последниот извештај на Европската Комисија .
– И од тој агол, исто како и нашите европски партнери, со големо внимание ќе го следиме начинот на кој македонските институции ги третираат објавувањата на опозиција – вели Алтхаузер.
