Путин призна за Крим

од desk3
120 прегледи

Документарен филм покажува како Путин ја издава наредбата за анексија на Крим. Москва секогаш тврдела дека не е вмешана во отцепувањето на полуостровот од Украина, потсетуваат по овој повод германските медиуми.

0,,18281040_303,00

Државниот канал “Русија 1” емитуваше во неделата трејлер на документарен филм во кој Путин зборува сосема отворено за околностите околу анексија на полуостровот Крим и бегството на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович. Сеуште не е јасно кога ќе биде емитуван целиот документарен филм, но дури само рекламата на овој филм прикажан во неделата по руската телевизија, содржи навистина сензационални кадри. Како што се оние во кои рускиот претседател Путин раскажува како на полноќ свикал седница со шефовите на службите за безбедност и како била планирана спасувачката операција за поранешниот украински претседател Јанукович, кој по масовните протести и тешки улични борби меѓу демонстрантите и силите на редот избега на 22 февруари од Киев во Донецк.

0,,18216442_401,00

“Треба да си го вратиме Крим”

“Седницата трае до 7 часот наутро”, се сеќава Путин и додава: “Кога се разделивме,им реков на колегите дека треба да почнеме да работиме за враќање на Крим во Русија”. Четири дена подоцна тешко вооружена единица воспостави контрола над локалниот парламент во Крим, кој набрзина закажа датум за спроведување референдум за пристапувањето на полуостровот кон Русија. Тогаш Украина проговори за “инвазија” на Москва во Крим.

Иако имаше мноштво докази дека војниците без препознавчки знаци кои ги зазедоа стратешките населби на полуостровот, се руски војници, Москва одрекуваше дека учествувала директно во оваа операција. На крајот Крим беше анексиран од Русија – по силата на еден донг референдум кој Киев и Западот продолжуваат да посочуваат дека е нелегитимен. Подоцна Путин призна за учество на руски воени единици, а германското списание “Шпигел” потсетува во оваа насока дека руски војници патролирањето во денот на тнр. референдум.
Во трејлерот на документарниот филм, кој е насловен “Патот кон татковината”, се вклучени и кадри на кои се гледаат руски борбени хеликоптери и тенкови. Одамна се сомнева дека Москва ги користела свои трупи за анексија на Крим. Никогаш досега сепак Путин не говорел така отворено за тоа.

“За да нема многу приказни”

Во филмот, чија датум на емитување уште не е прогласена, Путин зборува и за руската операција за спасување на Јанукович по бегството од Киев. “Сакаа да го убијат”, вели Путин. “Затоа решивме да го извадиме од Донецк по копно, вода или воздух”, се сеќава шефот на Кремљ. За таа цел се користеше тешко оружје – “за да нема многу приказни”, како што се изразува самиот Путин. Малку потоа Виктор Јанукович се најде во рускиот град Ростов. И оттогаш не се вратил во Украина.