Државната изборна комисија ќе почека да ги слушне сите сознанија за изборни нерегуларности што ги објавува лидерот на СДСМ, па потоа ќе закаже седница за да ги разгледа информациите, повтори првиот човек на ДИК, Никола Рилковски.

Рилковски, во изјава за 24 Вести, информира дека во Комисијата со посебно внимание се следи развојот на настаните, но уште е рано да изградат каков било став. Слична изјава Рилковски даде и за вчерашен „Слободен печат“.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за утре најави објавување на, како што рече, најскандалозните информации на тема избори. Снимките ќе бидат објавени на прес конференција која ќе се одржи во Универзална сала, со почеток во 19 часот.