Британската полиција се почесто се отповикува на повици во домови во кои родителите не можат да ги дисциплинираат своите деца, покажува извештајот на надзорната комисија. Родителите инсистираат полицајците да одат во нивните домови и да се справат со деструктивно однесување, наместо да ги зауздаат сами своите деца , пренесува The Times.
Во многу случаи родителите се неспособни да се справат со лошото однесување, вклучувајќии инциденти со малолетни како борба за далечинскиот управувач на телевизорот. Истражувачите велат дека заклучоците го нагласуваат притисокот врз многу семејства и старателства. Можноста за наметнување на дисциплина е поткопана и отежната особено со развосите, распаѓањето на семејствата и растењето во домаќинство со еден родител.
